Полицијата на граничниот премин Табановце лиши од слобода 39-годишен возач од Шведска, откако преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека на автопатот А-1 кај Демир Капија возел со 175 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

Случајот бил откриен вчера околу 16 часот при контрола на патничко возило „фолксваген“ со српски регистарски ознаки, управувано од М.С. од Шведска, на излез од државата.

При проверката било утврдено дека возачот е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Според полицијата, тој ја надминал дозволената брзина за 95 километри на час, односно возел повеќе од двојно побрзо од дозволеното.

Возачот е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.