Вчера во 14.25 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 61-годишниот М.Ј. од Охрид.

Тој, претходно, на локален пат во селото Велмеј, општина Дебрца, со своето патничко моторно возило „опел вектра“ се обидел да го удри З.Ј.(55) од истото село, по што му се заканувал.