На малолетничка и испраќал недолични фотографии, поради што полицијата го уапси Т.Т.(51) од Охрид и ќе биде поднесена пријава
На малолетничка и испраќал недолични фотографии, полицијата го лиши од слобода Т.Т.(51) од Охрид на 24 август околу 22:00 часот. Акцијата ја изведоа полициски службеници од СВР Охрид.
Тој се сомничи дека од април оваа година, во повеќе наврати, на 17-годишно девојче испраќал пораки и фотографии со недолична содржина. Исто така, барал од девојчето да му испраќа фотографии со експлицитна содржина, информира МВР.
Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом. При претресот биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм.
Лицето било задржано во полициска станица. Во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.