Апсењето следува по сомневања за примање поткуп за време на мандатот на Фехми Стафа
Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, вечерва е уапсен, дознаваат неофицијални извори.
Според информациите, Стафа се сомничи за примање поткуп во висина од неколку десетици илјади евра.
Стафа ја презеде функцијата државен правобранител во август 2018 година, а во август 2022 година беше разрешен од Владата. Тогаш од Државното правобранителство соопштија дека Стафа поднел оставка од лични причини.
Дополнителни детали за апсењето и истрагата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
