На 27.03.2023 околу 21.50 часот во населба Хром во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен И.Е.(37) од Скопје, бидејќи по извршен преглед кај него е пронајден пиштол „Екол“.
Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружје.