Полициски службеници уапсиле скопјанец осуден на 15 години казна затвор, кој бил баран по централна потерница.
Во 17:20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од пет години и пет месеци, соопштија од МВР.
Лицето ќе биде предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.