Пронајден арсенал оружје српската полицијат го уапсила Р.Б, таткото на Урош Б, осомничен за убиство на осум лица во Мали Орашје и Дубона, дознаваат медиумите.
На Радиша Блажиќ му е одреден притвор до 48 часа, соопштија Блиц и Танјуг.
Блиц наведува дека тој е уапсен во соработка со ВЈТ во Смедерево, ВЈТ во Белград и Управата за криминалистичка полиција со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син Урош Б. извршил низа кривични дела.
Кај него, според информациите, биле пронајдени неколку стотини куршуми со различен калибар, рачно изработена направа, еден пиштол и еден револвер, како и неколку оптички нишани.