Полицијата во Тетово уапси 32-годишен маж по пријава дека 15-годишно девојче живеело со него и дека не ѝ дозволувал да комуницира со своите родители.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од 37-годишна жена од Тетово, мајка на девојчето.
„На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и тој не и дозволува комуникација со родителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
