Полицијата денеска на Граничниот премин „Аеродром Скопје“ на влез во Република Македонија го лиши од слобода Е.А. од Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Германија, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека Е.А. е обвинет за случај на перење пари, за што е предвидена казна затвор до десет години.

Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошна постапка.