Осумнаесет годишниот Саит Саитов бил приведен во Врање, Србија, откри адвокатот Звонко Давидовиќ во „Претрес со Ландов”.

Саитов е осомничен дека ја прегази и усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Саитов кој со возило тешко ја повреди жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја со повреди на коловозот, а заедно со неговиот татко бил пренесено преку граница од роднини.

-Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.

-Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија, рече во Претрес, адвокатот Давидовиќ.