Полицијата денеска го уапси 19-годишниот Н.Н. од Скопје, кој се бараше откако вчера вечер со „фиат пунто“ удрил 48-годишна жена на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, а потоа го напуштил местото на несреќата.

Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

По насоки на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.