– Според досега утврдените факти, станува збор за автобус кој излетал од автопатот. Автобусот патувал од Франкфурт за Приштина. Возачот на автобусот бил пронајден на местото на настанот, во меѓувреме бил уапсен, се преземаат други доказни дејствија за поведување на кривична постапка, рече тој.

Тој додаде дека возачот е уапсен под „сомнение дека управувал моторно возило на начин на кој се движел неправилно, тој не ја користел сообраќајната лента туку излетал“.

– Кои се причините за тоа, засега не можеме да кажеме. Тој изјави дека заспал за момент, но тоа ќе го утврдиме подоцна, додаде Прањиќ.

Во несреќата утрово загинаа 10 лица, а 45 беа повредени.

Во несреќата загинаа 10 лица, хоспитализирани 45. 15 се тешко повредени, а меѓу сериозно повредените има и една девојка.

Автобусот бил полн, во него имало 69 лица – 67 патници и 2 возачи, од кои едниот е убиен.