УАПСЕН ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испраќал пораки со експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка.

Со осомничениот бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал делото. Од СВР Велес информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

УАПСЕН ЗА ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА