Жител на Кочани е лишен од слобода, откако во неговото возило при рутинска контрола на граничниот премин Делчево се пронајдени непријавени банкноти. Настанот го потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека истиот се случил утрово.
– На 10 септември во 10:35 часот на Граничен премин Делчево, лишен од слобода е З.С.(49) од Кочани. При преглед во товарното возило „опел“ со кочански регистарски ознаки со кое управувал З.С, во него биле пронајдени пари, кои не ги пријавил, информираа од делчевската полиција.
Оттаму додадоа дека освен што парите не биле пријавени, гореспоменатото лице не поседувало никаква документација, како потврда за сопственост на парите.
По целосно документирање на случајот против него, како што дополнија, ќе биде поднесена соодветна пријава.