Уапсена 69 годишна жена од Скопје за која било распишана потерница за издржување затворска казна од две години.

– Денеска (05.11.2021) во 11.00 часот на ул.„Васил Ѓорѓов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода В.М.(69) од Скопје. За неа била распишана Централна потерница за издржување казна затвор од две години, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.