Српската полиција попладнево ја приведе мајката на девојчето кое ов училиште во Зрењанин со нож нападна соученичка.
Таа е лишена од слобода по наредба на главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Зрењанин поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Се сомничи дека денеска во основно училиште во Зрењанин, во женски тоалет, нејзината тринаесетгодишна ќерка со нож му нанела повреди на на грбот на дванаесетгодишна ученичка од истото училиште.
Д.В. со кривична пријава ќе биде изведена во Основното јавно обвинителство Зрењанин. Инцидентот се случи денеска во Основното училиште „2-ри Октомври“ во Зрењанин.
Како што пренесуваат медиумите, полицијата интервенирала по повик што го добиле околу 10:40 часот.