Вчера околу полноќ пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски служебници од СВР Скопје е лишена од слобода В.А.(21) од Скопје, соопштија од МВР, додавајќи дека таа физички нападнала полициски службеник при вршење на службена дејност.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.