Весна Меденица е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Голубовци, потврдија за црногорски „Вијести“ повеќе извори од полициската управа.
Таа е приведена поради постоење основано сомнение дека сторила две кривични дела: создавање на криминална организација и противзаконско влијание.
„Меденица е уапсена откако им ги предала патните исправи на граничните полицајци. Ноќта ја минала во бетонскиот погон на центарот за безбедност подгорица, а денеска се очекува да биде изведена во надлежното специјално обвинителство. – соопштија властите.