А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.

Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ”, во близина на Саат кула џамијата. Полицијата од Ростуше на место викано „Ростушко анче“ ги лишиле од слобода А.А.(28) од с.Долна Бањица, гостиварско и А.Т.(30) од с.Лакавица, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, поради постоење на основи на сомнение за „убиство во обид”.

-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.

Според него, пациентот бил во свесна состојба и контактибилен.

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид”. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.