Како што соопштија од МВР, вчера за време на ракометното дерби меѓу Вардар и Е. Пелистер, уапсени се две лица и тоа поради сторен прекршок по Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревар.

По целосното документирање на случаевите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Едниот од приведените е Д.Т (30) од Словенија, додека другиот е С.А (22) од Скопје.