Лишени од слобода биле двајца малолетници од Скопје кои не застанале на полициска патрола
Лишени од слобода биле двајца малолетници од Скопје кои не застанале на полициска патрола, а со мотоцикл удриле и полициски службеник и агресивно се однесувале при апсењето.
Како што информираат од МВР, ноќеска (09.01.2026) во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, додаваат од МВР.
