На 08.08.2023 во 14.30 часот кај место викано „Лабино“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.И.(21) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Истиот ден, на плажа на брегот на Охридското Езеро бил приведен М.Б.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.