Според кинеското Министерство за јавна безбедност до вчера попладне уапсени се членови на повеќе од 170 криминални групи вмешани во употреба на криптовалути за перење на пари.
Уапсените на клиентите криминалци им наплаќале провизија од 1,5 до пет проценти од илегалната заработувачка за да ја префрлат во криптовалути.
Кинескатра асоцијација за борба против перењето пари соопшти дека е забележан раст на криминалните случаи поврзани со криптовалути.
Три кинески индустриски тела минатиот месец забранија плаќање со криптовалути, а Кинескиот државен совет вети дека ќе ја сузбие трговијата со биткоинти.