Осомничените, од кои двајца биле приведени од романските власти на 4 ноември, се уапсени во рамките на операцијата Златна прашина, во која учествуваа Европол, Европравда и Интерпол, се вели во соопштението.
Групата Ревил минатиот месец беше принудена да се повлече од мрежата со координирана операција на САД и 16 други земји. Осомничените, наводно, изнудиле речиси 600 милиони долари од различни компании за да ги обноват нивните компјутерски системи откако ги хакирале.
Ниту еден од уапсените хакери не е идентификуван по име, но Европол соопшти дека двајца осомничени, за кои се верува дека се поврзани со Ревил, биле уапсени минатата недела поради вмешаност во напади кои им донеле околу 580.000 долари откуп.