Припадниците на Федералната полициска управа вчера уапсија три лица во Хаџиќи, кантон Сараево, откако преку „Тик ток“ тврделе дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Србија, објавува „Кликс.ба“. Тие барале барале 50 илјади конвертибилни марки за откривање информации.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа ги лоцирале лицата преку ај-пи адресите. Уапсените се Б.Т. (2002), M.T. (2001) и З.Т. (1972), кај кои е извршен претрес и е утврдено дека информациите кои ги нуделе се лажни.
Двегодишната Данка Илиќ која се води за исчезната од вторникот, 26 март, околу 13 часот во Бањско поле кај Бор, се уште не е пронајдена. Вчера попладне, по 27 часа, полицијата ја прекина теренската потрага бидејќи не верува дека девојчето се наоѓа на пребараниот простор од околу 10 квадратни километри.