Полициски службеници уапсиле тројца битолчанци откако кај нив се пронајдени 17 таблетки и грутчеста материја, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(24), С.С.(24), Н.П. (25), сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја, посочуваат од МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.