Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје.

Како што информираат од МВР, денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Од МВР додаваат дека веднаш по добиената пријава, биле преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. бил лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Снимката и сите детали може да ги погледнете од веста во продолжение:

(ВИДЕО) ПРОТЕЧЕ СНИМКА: Еден удар со рака од едно лице – Бугарија за ова обвинува за „хулигански напад“