Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели дека вчера Фредрих Мерц, Претседател на ЦДУ пред паметникот на жртвите од војната порача: „На 1 август 1944 година започна Варшавското востание против германската окупација. Никогаш не смееме да ја заборавиме храброста на полските борци на отпорот. Се поклонувам пред жртвите на националсоцијалистичкото владеење на теророт.“.
Вака се оддржува искрено пријателство, а нашите соседи имаат убави примери како тоа се гради на принципи и взаемно почитување, порача Мицкоски.