Ацо Мартиновиќ (45), кој вчера изврши масовно убиство во Цетиње, ги убил двајцата братучеди Марко и Милош Мартиновиќ.

Ацо Мартиновиќ масакрот го започнал во кафана во Цетиње каде уби четири лица, а потоа, како што се сомнева отишол во куќата на своите братучеди и ги убил, а потоа продолжил на уште три локации каде го извршил убиството.

Убил пријатели, кумови, деца, но и двајца братучеди

Ацо Мартиновиќ уби вкупно 12 лица, а рани четворица кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора, каде лекарите се борат за нивниот живот. Тројца од четворицата повредени вчера во Цетиње утрово се со стабилни витални параметри, но нивните животи се уште се во опасност, соопшти министерот за здравство Воислав Шимун.

Меѓу жртвите има и деца на возраст од 10 и 13 години. Сите жртви се блиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.

Полицијата го лоцирала убиецот, по што тој се самоубил

По неколкучасовна потрага по убиецот, полицијата го лоцирала во близина на неговата куќа во Хумиќи. Ацо Мартиновиќ се обидел да се самоубие пукајќи си во главата, а на пат кон болница им подлегнал на повредите.

Масовниот убиец Ацо Мартиновиќ бил безмилосен, брутален човек.

– Се работи за опасна личност, несовесна и брутална – изјави синоќа директорот на Полициската управа Лазар Шќепановиќ.

Не поседувал регистрирано оружје

Тој додаде дека, според официјалните податоци, Мартиновиќ не поседувал регистрирано оружје.

Мартиновиќ од претходно ѝ е познат на црногорската полиција: Убиени 12 лица, се самоуби сторителот на повеќекратното убиство во Цетиње

Ацо Мартиновиќ (45) пред две години беше уапсен поради поседување оружје и закани. Не се знае дали и на каква казна тогаш бил осуден.