Палестинската канцеларија за врски потврди дека еден маж е убиен, а војниците уапсиле уште еден Палестинец, без да соопштат повеќе детали.

Армијата објави на Твитер дека двајцата осомничени фрлиле „молотов коктел“ на патот што води кон израелска населба во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите.

Војниците кои се наоѓале во близина дејствуваа за да ја спречат заканата, соопшти израелската армија, додавајќи дека отвориле оган врз двајца мажи.

Еден од двајцата бил повреден и му била укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но им подлегнал на повредите, додека другиот маж бил уапсен, соопшти израелската војска.