Млад израелски пар бил убиен од терористите на Хамас откако упаднале во нивниот дом.

Несреќниот пар успеал да ги сокрие своите близнаци стари само десет месеци пред да дојдат убијците, а бебињата биле пронајдени живи приближно 14 часа подоцна.

Итаи и Хадар Бердичевски, двајцата на возраст од 30 години, биле нападнати во нивниот дом.

Родителите ги сокриле бебињата во куќата и се обиделе да ги спречат напаѓачите, но и двајцата биле убиени, објави израелската Walla, повикувајќи се на New York Post.

Израелските војници 14 часа подоцна ги пронашле неповредените бебиња и ги предале на нивната баба.

Бројот на жртвите од нападот на Хамас веќе надмина 1.000 од двете страни. Најмалку 260 луѓе беа убиени во масакрот на музичкиот фестивал „Супернова“, откако тешко вооружени терористи прелетаа со параглајдер над границата на Појасот Газа.