Во нападот на израелската армија врз шаторот на катарската телевизија Ал Џезира во Газа загина уште еден новинар, вкупно шест медиумски работници се убиени

Во напад на израелската армија врз шаторот што го користела екипа од катарската телевизија Ал Џезира во Газа синоќа, беше убиен уште еден палестински новинар. Со ова вкупниот број на убиени медиумски лица достигна шест, соопшти локалната Цивилна одбрана и еден болнички службеник.

„Фотографот Мохамед ал-Халди почина од раните. Со ова бројот на жртви се искачи на шест,“ изјави Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана во Појасот Газа.

Мохамед ал-Халди беше новинар на слободна пракса кој работеше со локалните медиуми. Неговата смрт ја потврди Мохамед Абу Салмија, директор на болницата Ал-Шифа. Која се наоѓа во близина на местото каде што беше поставен шаторот.

Меѓу жртвите на нападот беше и 28-годишниот палестински новинар на Ал Џезира, Анас ал-Шариф. Израелската војска изјави дека тој бил нивна цел и го нарекоа „терорист“.