Убиство пред казино го потресе градот рано изутрина

Убиство пред казино се случи рано изутрина, околу пет часот, кога маж роден во 1982 година доби сериозни повреди на глава и почина на лице место.

Доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош, за МИА потврди:

„Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот,“ изјави докторот.

Екипата на итната медицинска помош пристигна веднаш по повикот, но лицето веќе беше починато.

Министерството за внатрешни работи најави дека наскоро ќе соопшти повеќе детали за трагичниот настан и околностите околу тепачката пред казиното.