76-годишна жена е пронајдена почината во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската населба Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен денеска во 09:18 часот во СВР Скопје од страна на нејзината ќерка, која ја пронашла мајка си О.А. без знаци на живот.
Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, при што биле забележани видливи траги од насилство.
Телото е предадено на обдукција, а известен е и јавен обвинител. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот.
