Убиена жена и ликвидиран напаѓач се епилогот од пукотница во зградата на градското собрание во чешкото село Хрибска, јавува Ројтерс.
Во нападот се ранети најмалку четири лица, меѓу кои и еден полицаец, соопшти чешката полиција.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во местото Хрибска, кое се наоѓа на околу 110 километри северно од Прага.
По нападот, полициските сили ја обезбедиле зградата, а информацијата за интервенцијата беше објавена и на социјалната мрежа X.
Мотивот за нападот засега не е познат, информираше полицијата.
„Моментално можеме да потврдиме дека има една почината жена и еден напаѓач“, соопшти полицијата.
