Инцидент на задниот влез од казино – тројца осомничени
Рано утринава, околу 04:56 часот, во Кавадарци е пријавен физички напад на заден влез од казино на ул. „Никола Минчев“. Според пријавата, неколку лица нападнале едно лице, кое паднало на земја и побарало итна помош.
Полицајците од ОВР Кавадарци излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за 43-годишниот П.Т. од Кавадарци. И покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.
Набргу потоа, поради сомневање за инволвираност во нападот, од слобода биле лишени три лица: Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти МВР.
Надлежните лица од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полицијата продолжуваат со увид на местото на настанот и анализа на надзорните камери од казиното, со цел целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава против сторителите.