Швајцарска банка USB се согласи да ја купи ривалската домашна банка „ Credit Suisse“ за три милијарди швајцарски франци во акции, како и да преземе загуби до пет милијарди франци, во спојувањето коешто го осмислија швајцарските власти за да избегнат дополнителните потреси на пазарите и превирањата во глобалниот банкарски систем.
Договорот вклучува 100 милијарди швајцарски франци, односно 101 милијарда евра, помош за ликвидноста на USB и „Credit Suisse“ од Швајцарската централна банка (SNB). За да овозможи UBS да ја преземе „Credit Suisse“, сојузната влада дава гаранции за загуба од најмногу 9 милијарди швајцарски франци за јасно дефинираниот дел од портфељот, соопшти владата во неделата.
Таа одредба ќе биде активирана доколи навистина се случат загуби во овој портфељ. Во тој случај UBS ќе ги преземе првите 5 милијарди франци, сојузната влада следните 9 милијарди франци, а UBS би ги преземала сите понатамошни загуби, соопшти владата. Швајцарскиот регулатор FINMA објави дека постои ризик „Credit Suisse“ да стане „неликвидна, дури и доколку остане солвентна, затоа е потребно властите да преземат мерки“.
„Credit Suisse“, којашто има 167 годишна историја, е најпознатата банка којашто беше зафатена во пазарните превирања предизвикани од неодамнешните банкротирања на американските баки „Silicon Valley Bank“ (SVB) и „Signature Bank“, поради што минатата седмица американската централна банка Federal Reserve (Fed) мораше да осигура средства во износ од 54 милијарди долари.
„Со преземањето на Credit Suisse од страна на UBS изнајдено е решение за осигурување на финансиската стабилност и заштита на швајцарската економија во оваа исклучителна ситуација“, објави швајцарската централна банка.
Швајцарските власти се бореа да ја спасат „Credit Suisse“, пред финансиските пазар повторно да отворат во понеделник. И UBS и „Credit Suisse“ се во групата од 30 глобално системски важни банки коишто регулаторите внимателно ги следата, а колапсот на „Credit Suisse“ ќе го зафатеше целиот финансиски состав.
Објавата стаса во текот на викендот кога некои конкурентски банки станаа претпазливи во своите односи со потклекнатиот еден од најголемите швајцарски кредитори, каква што е „Credit Suisse“, а регулаторите ја повика банката да го склучи договорот со UBS.
Швајцарскиот регулатор FINMA, која соопшти дека го одобри преземањето, објави дека неодамнешните мерки за стабилизација на „Credit Suisse“, „сепак не беа доволно за враќање на довербата во банката, а исто така се испитани и подалекусежни опции“.
Минатата 2022 година UBS остварила добивка од 7,6 милијарди долари, додека „Credit Suisse“ забележала загуби од 7,9 милијарди долари. Акциите на „Credit Suisse“ паднаа за 74 отсто во однос на минатата година, додека акциите на UBS релативно останаа непроменети.
Швајцарската влада соопшти дека, исто така, UBS даваа гаранција од 9 милијарди швајцарски франци за „преземање на потенцијалните загуби“ од сопственоста како дел од трансакциите. Главниот извршен директор на UBS, Ралф Хамерс, и претседателот Колм Келехер ќе останат на комбинираната банка.
„Трансакцијата ја јакне позицијата на UBS како водечка универзална банка во Швајцарија“, објавија од банката.
Од друга страна, пак, претседателот на „Credit Suisse“, Алекс Лехман спојувањето го нарече „најдобриот можен исход“.