Ученичка од битолското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ вчера околу 8.00 часот била повредена, откако врз неа паднал дел од таван.
Од Општина Битола информираат дека е формирана комисија која извршила увид во училиштето и било заклучено дека тоалетите биле реконструирани пред неколку години со донација.
Градоначалникот на општината, Тони Коњановски побара одговорност од директорката на училиштето, затоа што на состанокот на крајот на минатата година таа не побарала интервенција од општината.