Учениците од прво до четврто одделение во основните училиште во Хрватска, ќе добијат нов училиштен предмет – Практични вештини, објави „Јутарњи лист“.
Од есен, околу 50 училишта ќе почнат со експериментална реализација на целодневниот училиштен проект, што значи дека децата ќе останат на училиште до попладневните часови. Министерството сѐ уште го нема презентирано целосниот проект, но една од новостите е дека наставниците од одделенска настава нема да одржуваат часови по Физичко и Здравствено образование, туку во училиштата ќе се вработуваат магистри по кинезиологија.
Истовремено, во четврто одделение се зголемува часовите по Физичко образование од два на три часа.
Новиот предмет Практични вештини треба да биде една од наставните содржини преку која наставниците ќе го компензираат губењето на часовите по Физичко и Здравствено образование. Според наводите, основни елементи на наставната програма ќе бидат – независност и грижа за себе, безбедност, сообраќај и прва помош, потоа дизајнирање и изработка на ракотворби, домашна средина, финансии, учество во економија, претприемништво.
Децата ќе учат и како работат апаратите за домаќинство, и како да ги поправаат едноставните дефекти во домаќинството, пишуваат хрватските медиуми.