Ученик од Кичево бил физички нападнат од неговата класна раководителка.

Случајот во полицијата го пријавил родител на детето.

„На 10 мај во 15.20 часот во ОВР Кичево, С.И.(40) од Кичево пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Кичево, бил физички нападнат од неговата класна раководителка“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.