Дванаесетгодишно момче од основното училиште „Кирил и Методиј“ од Скопје, направил список на ученици, извести полицијата.

Од МВР велат дека „денеска во полициската станица Центар во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи и неговите родители, извршен е службен разговор со 12-годишен малолетник-ученик од основно училиште на подрачје на Центар, по добиена пријава дека додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици“.

За случајот веднаш бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.