Царовска потенцира дека поддршката од државата нема да изостане, но важно е да се покаже потенцијал и тој ќе биде забележан и поддржан.

– Овие денови полуматурантите беа исправени пред голема дилема, каде да ја продолжат образовната надградба. Искрено се надевам дека секој ученик и ученичка ја исполни својата желба, да се запише во училиштето кое било предмет на личен интерес и дека со сите сили, максимално посветено и одговорно од први септември сите ќе продолжат да бидат посветени кон она што треба да биде нивна единствена обврска, а тоа е стекнувањето знаења кое всушност е и најисплатливата инвестиција во животот на секој поединец. Верувам дека ова размислување е водилка и на учениците кои тукушто завршија средно образование и успешно ја положија државната матура. Мнозинството ќе одберат да се запишат на факултет, во земјата или надвор од неа, а јас се надевам дека сето стекнато знаење ќе биде применето за развој на татковината и обезбедување подобра иднина за себе и идните поколенија, посочи министерката.

Таа им посака среќа на сите ученици во понатамошната едукација.

– Имаме план и тој веќе етапно се реализира, имаме волја, имаме широка поддршка и имаме средства за тоа да го постигнеме. Оптималниот рок е 5 до 6 години од сега, додаде Царовска.