Училиштата во 10 градови и провинции низ Турција погодени од земјотресот ќе бидат затворени една недела, изјави потпретседателот на земјата Фуат Октај.
Градовите и провинциите се Кахраманмараш, Хатај, Газиантеп, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбакир, Килис.
Турската нуклеарна централа Акују, која моментално се гради, не е оштетена во земјотресот, изјави за Ројтерс претставник на руската компанија што ја гради централата.
„Овде се почувствуваа потреси на земјата, но нашите експерти не констатираа штета на градежните конструкции, крановите и опремата“, изјави Анастасија Зотеева.
Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината се како воена зона.
Патиштата пропаѓаа како да ги погодиле проектили, а автомобили паднале во дупки.