Бурни реакции во јавноста предизвика ова нивно однесување па синоќа на социјалните мрежи имаше доста коментари со негодување за демонстрираното политикатноство на штета на погодените. А тие пратениците со часови се натегаа во Собранието дали треба да заврши прво 32 седница на Собранието, опција што ја форсираше собрансикот претседател Талат Џафери или како што сакаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се закаже 36. седница на која се законите од преложените мерки.

Денот го добележа тензична атмосфера и кога вечерта наводно имаше надеж дека ќе се закаже 36 седница само за да помине, тоа не се случи и пакетот и законите не поминаа. Џафери во неколку наврати тврдеше дека не го води собранието како обложувалница туку како државна институција, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегуваа и се враќаа. Имаше трескање по масите, многу процедурални забелешки. Сепак решение и глас за законите немаше.

Џафери на крајот дури рече дека Собранието ќе оди во карантин. Тројца пратеници од владеачкото мнозинство секако веќе се заразени и не доаѓаат на работа во моментов.

– Почитувани граѓани, очигледно забарикадирано во одлуките, Собранието е условено за начинот на работа, а очигледно вака ако одат бројките со инфекцијата, утре имаме претседателство на Собранието, веројатно ќе биде тема, една од точките и прашањето за карантин за Собранието па не се смеј.. што се смејш, што да правиме, мора да објавиме карантин за Собранието, а има инфекции,овде ја прекинувам работата, за продолжување на седниците, дополнително ќе бидете известени, рече синоќа Џафери и ја затвори седницата.

Заседанието на 36. седница воопшто не почна, ниту, пак, е закажан нов термин за негово одржување.

По завршувањето пратениците од опозицијата повторно го обвинија СДСМ за неизгласувањето на законите.

23:30 часот СИ ЗАМИНУВАМЕ ОД СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ПОРАДИ СДСМ ДЕНЕС НЕ СЕ ДОНЕСОА ЗАКОНИТЕ ОД ПЕТИОТ…

Posted by Жаклина Пешевска on Thursday, April 15, 2021

– Кворум нема да им правиме на седници. Тоа го знаеја од 2020 година, тоа го знаеја и на почетокот на овиј ден. За жал на очиглед на македонската јавност не сакаа денес да се изгласа петтиот пакет на мерки со разно разни образложенија и кажувања. Може да видите дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е тука во текот на целиот ден, очекувавме дека ќе ја стави таа седница денес претседателот на Собранието, но некако потивко пратеничката група на СДСМ се придружи кон тоа да петтиот пакет на мерки денес не се изгласа, рече координаторот Мицевски.

Пратеничката од редовите на СДСМ, половина час по полноќ се обрати од пред Собранието потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ прави се за народот да не ја добие помошта од петтиот пакет на мерки.

– Денеска цела јавност сведочеше по којзнае кој пат како ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на интересите на граѓаните, економијата и државата. Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку опструкции, одолговлекувања се обидуваа да ја одложат помошта кон граѓаните и стопанството, правеа се за над 16.000 работници се уште да не земат плата, илјадници компании да не ја добијат ветената помош. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните. Тоа се покажа и денес со однесувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, истакна Георгиевска.