На 16.02.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ со бул.„8-ми Септември“, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(79) од Скопје.

По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.