Автомобил „Опел“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(41) од Демир Хисар удрил во животно и излетал од коловозот на патот А3 Битола-Прилеп.
Несреќата, информира МВР се случила вчера околу 22:18 часот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола, велат од полицијата. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.