Во пресрет на реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига помеѓу екипите на Левски и Шкупи во Софија, од УЕФА пристигна казната за недоличото однесување на Бугарските навивачи на првиот дуел во Скопје.

Истите извикуваа расистички и ксенофобични пароли, довикуваа се и сешто, пред, за време и по мечот, па УЕФА нормално е што го казнува ваквото училно однесување на инаку навивачите кои доаѓаат од Европска унија. Барем така се претставуваат.

Од друга страна пак, не е дозволено гостување на „Шверцерите“ во Софија на реваншот, што секако е уште еден потег повеќе кон заклучокот дека се што навивачите на Левски направија во Скопје беше чиста провокација и ништо друго.