На Европското фудбалско првенство, заклучно со финалето на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, ќе се одиграат вкупно 51 натпревари, кои 130 глобални радиодифузни партнери на УЕФА ги емитуваат во живо во 200 држави и територии.
Секој натпревар на ЕУРО2020 во просек преку телевизиските екрани го гледаат 100 милиони луѓе, а финалето се очекува да го гледаат околу 300 милиони луѓе.