Натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија в четврток во 17 и 30 ќе играат на теренот на ФФМ во Скопје. Како што „Република“.мк прва објави, МВР од безбедносни причини бараше средбата да се игра во Струмица со изговор дека тој ден во Скопје има многу настани.

УЕФА очекувано тоа не го прифати и одлучи дека натпреварот ќе се игра во Скопје.