Утрово на едиствениот телефонски број 112 било пријавено дека има угинато мече на локалниот пат кон селото Вејце. Според Центарот за управување со кризи, најверојатно мечето било прегазено од возило.
ЦУК информира дека екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата, а безживотното тело на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.